In the news...

2014-07-07 12:27

COMPOSITE conference "Good Leaderships in Times of Change – Empirical Findings and Suggestions for Police Leaders" by Kate Horton

COMPOSITE's final conference on "Good Leaderships in Times of Change – Empirical Findings and Suggestions for Police Leaders" on 12 and 13 June 2014 in Rotterdam (the Netherlands)

Read more …

2014-07-03 13:45

"Police is regain control by using twitter and Co."

COMPOSITE researcher were interviewed about their research on "police & social media".

Read more …

Истражувачки Проект КОМПОЗИТ

КОМПОЗИТ, односно „Компаративни Полициски Студии во ЕУ“ е истражувачки проект кој се фокусира на процесите на промени од големи размери во полициските институции во Европската Унија.

 

Полицијата низ цела Европа се соочува со големи предизвици: нови видови на криминал, отворени граници, нови технологии, закана од тероризам, правни промени и намалување на финансиските ресурси. Овој вид на предизвици не соочува со потребата од амбициозни програми на промена кои би го подобриле начинот на полициско работење. Некои полициски организации ја менуваат својата административна структура, поврзуваат различни оддели,  ги преструктурираат организациските процеси, воведуваат нови алатки за менаџирање, или имплементираат софистицирани информациско-технолошки системи. Полициските структури одделуваат значаен дел од времето и ресурсите на вакви проекти, но некои од овие проекти не само што не успеваат да ја подобрат работата на полицијата, туку често доведуваат до фрустрација и скептичност кај полициските службеници. Затоа, воведувањето на вакви промени често ја влошуваат работата на полицијата наместо да ја подобрат.

 

КОМПОЗИТ ги истражува практиките на управување со промените во полициските организации низ 10 Европски земји и има за цел да ги открие факторите кои влијаат на успехот на воведување на промени. Затоа, проектот се фокусира на организациските структури, идентитети и култура, стилот на раководење и организациските процеси. Централно во ова истражување е да се идентификуваат главните фактори кои ги предизвикуваат промените како и детерминантите на позитивни и негативни резултати од процесите на промена.

 

КОМПОЗИТ не е само академски истражувачки проект, туку е дизајниран со цел да произведе практични резултати, донесувајќи конкретни подобрувања во планирањето, организацијата и имплементацијата на процесите на промена во Европските полициски структури. Така, покрај академското истражување, активностите во склоп на проектот КОМПОЗИТ вклучуваат дисеминација на резултати, градење капацитети преку обуки и консултациски услуги со цел да се допре до релевантните полициски структури како и широката јавност. Блиска соработка помеѓу полициските службеници и истражувачите е поттикната преку инволвирање на полициски партнери, вклучувајќи експертски стратешки одбор и одбор на крајните корисници составен од претставници на полицијата од секоја земја. (Краен корисник во Република Македонија – Министерство за Внатрешни Работи на РМ - http://www.moi.gov.mk )

 

Проектот КОМПОЗИТ е финансиран од ФП 7 Програмската Рамка на Европска Унија (FP 7 Framework Programme) за период од 4 години. Конзорциумот на проектот се состои од 15 партнери од 10 Европски земји. Затоа, проектот вклучува блиска соработка со полициските организации на Белгија, Република Чешка, Франција, Германија, Италија, Република Македонија, Холандија, Романија, Шпанија и Англија. Проектот официјално започна со работа на 1ви Август, 2010 година. Координатор на проектот е Др. Габриеле Јакобс (Dr. Gabriele Jacobs) од Универзитетот ЕРАЗМУС, Ротердам